Во склоп на Продажно-сервисниот центар за возила OPEL и CHEVROLET на ДИРО во Штип, почнувајки од 11.06.2010 год. започна со работа СТАНИЦА ЗА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД и регистрација на моторни возила. Почитувани клиенти, во рамки на оваа дејност, ДИРО д.о.о. Ви нуди низа поволности ... следете ги нашите понуди во наредниот период, ќе бидете пријатно изненадени ....

Што претставува Техничкиот преглед?
Техничкиот преглед претставува високостручна проверка на општата и безбедносна состојба на возилата со примена на високоспецијализирана опрема за тестирање.
Доколку Вашето возило биде ПОЗИТИВНО оценето при техничкиот преглед, тоа е добар показател дека ги задоволува пропишаните норми за безбедно учество во сообраќајот, но никако неможе да се смета за доказ во однос на генералната механичка состојба на возилото.
Доколку Вашето возило биде НЕГАТИВНО оценето при техничкиот преглед, тимот на контролори и сервисери на ДИРО ќе направи бесплатна прецизна дијагностика за да се лоцираат неисправностите кои што треба да се отстранат. По извршената поправка на возилото, повторниот технички преглед ќе биде извршен БЕСПЛАТНО. Доколку Вашето возило биде негативно оценето, не лутете се на контролорите, не барајте друга станица што би ги толерирала недостатоците, поправете го Вашето возило кај Вашиот сервисер и со тоа ќе се заштитите себеси и другите учесници во сообраќајот.
Што се прегледува на Технички преглед?
На технички преглед се прегледуваат како активните така и пасивните системи во однос на безбедноста на сообраќајот и заштитата на природната околина, и тоа: системот за кочење, системот за потпирање,, системот за управување, системот за гориво, издувниот систем, нивото на загадување на околината (издувната емисија), сигнализација и осветлување, ветробранско и останати стакла, регистарски таблички, број на шасија на возилото, брави и шарки на врати, ретровизори, сигурносни појаси, уред за влечење (кука), пневматици (гуми) и др.

Информации на Тел 032 / 304-555
При прва регистрација на возило во Република Македонија, со барањето за регистрација кое ќе го добиете во Станицата за технички преглед -ДИРО-, до службеното лице од МВР потребно е да се достават следните документи, писмени докази за: потекло на возилото, сопственост на возилото (фактура, купопродажен договор), позитивен технички преглед на возилото (не постар од 30 дена), извршено осигурување за штети од трети лица, платени царински, акцизни и даночни обврски за возилото, сообразност на возилото со важечките хомологациски прописи во Република Македонија, платени надоместоци и такси за јавни патишта, црвен крст, заштита на животната средина и други обврски регулирани со закон, одјава од надлежен орган (доколку возилото било претходно регистрирано), платен надомест за регистарски таблици, автентичност со првичната изведба за возила постари од 35 години и сл.
При повторна (и секоја наредна) регистрација на возилото, покрај барањето за регистрација кое ќе го добиете во Станицата за технички преглед ДИРО, потребни се следните документи: лична карта од сопственикот на возилото, сообраќајна книшка (дозвола) од возилото, при промена на сопственикот на возилото потребно е да се достави купопродажен договор заверен кај Нотар, доказ за платени надоместоци и такси, осигурување од трето лице, потврда во случај на ослободување од надоместокот за јавни патишта.
Во други нестандардни случаи, службеното лице од МВР може да побара на увид и други докази.


.jpg)



