Rent a car - BIS

Доста Ви е од одење на сервис и технички прегледи!

Сакате да изнајмите автомобил или моторцикл на најбрз можен начин?

Имаме решение за Вас

БИС лого

ДОБРЕДОЈДОВТЕ

Ние нудиме повеќе од останатите. За Вас имаме поволни услови за изнајмување на автомобили и моторцикли, кои Ви нудат повеќе можности и погодности.

Уверени сме дека во потполност ќе ги исполниме Вашите очекувања.

Возилата и моторциклите кои можете да ги изнајмите по мошне поволни услови и цени во Rent a car -БИС- се нови, произведени во 2006 или 2007 г.

За ваше целосно задоволство и уживање сите автомобили во Rent a car -БИС- се опремени со клима уред и серво систем за управување, како и друга дополнителна опрема како централно заклучување, електрично подигање на прозорите, системи за имобилизација на возилата (заштита од кражба), аудио опрема т.е. CD, MP3 плеери и сл. Покрај веќе наведената опрема, сите возила Opel Astra се опремени со ABS сопирачки и воздушни перничиња за возачот и совозачот.

Доколку имате потреба во Rent a car -БИС- можете да изнајмите и друга дополнителна опрема: детско седиште, кровни носачи за багажник и багажник како и кровни носачи на скии.

Единствено во Rent a car -БИС- можете да изнајмите моторцикл од 50 па се до 650 cm3. Искористете ја шансата да уживате "на две тркала" и во друштво на прекрасниот Hyosung GV650 (Aquila). Изнајмете скутер RALLY или RACING за само 120 ден/h.

Rent a car -БИС- е составен организационен дел на ДИРО д.о.о. Скопје, компанија со долга традиција и искуство во областа на одржување и експлоатација на патнички моторни возила и моторцикли со сопствен сервис за одржување и нега на возилата. Искуството на вработените во ДИРО претставува гаранција за Вашата безбедност и уживање при употреба на возилата од Rent a car -БИС-.