Осигурување

Сите возила (автомобили и моторцикли) на Rent a car -БИС- се осигурани во осигурителна компанија. Во продолжение можете да се информирате за детали во однос на одговорностите и правата кои ги имаа клиентите на Rent a car -БИС- во однос на осигурувањето.

При евентуална штета која настанала од учество во сообраќајна незгода како и во случај на други оштетување на возилата (автомобили и моторцикли) на Rent a car -БИС-, клиентот треба задолжително да повика полиција и притоа да се направи ПОЛИЦИСКИ ЗАПИСНИК. Во исто време треба да биде информиран Rent a car -БИС-.

Ако возилото на Rent a car -БИС- е оштетено по вина на возачот на возилото, одговорноста за штетата се осигурува со плаќање на задолжителниот дневен додаток за каско осигурување (CDW). Ова каско осигурување (CDW) не ги покрива штетите во потполн износ за износот на франшизата. Висината на одбитната франшиза за поедини возила (автомобили и моторцикли) како и задолжителниот дневен додаток за целосно каско осигурување се дадени во табелата подолу.

CDW (Collision Damage Waiver) - како тип на осигурување има одредени ограничувања, односно, одредени штети не се покриени со ова каско осигурување:

  • CDW - не покрива: намерно или од невнимание оштетување на возилото и/или неговата внатрешност; оштетувања на возилото од долната страна; гребаници на каросеријата; штети на гуми (пневматици) и наплатци (бандаши) кои не се резултат на пожар или сообраќајна незгода; штети кои настанале како резултат на тренинг со возилото или учество во натпревар (што во суштина не е дозволено).
  • CDW - не покрива оштетувања на моторот настанати поради недостаток на масло;
  • CDW - не покрива никаква штета доколку возачот го управувал возилото под дејство на алкохол или дрога, или доколку возилото е минирано или намерно запалено;
  • CDW - не покрива штета која е предизвикана од лице кое не е наведено како возач во договорот за изнајмување на возилото;

TP (Theft Protection) - како тип на осигурување ја отстранува финансиската одговорност на изнајмувачот во случај на кражба на целото возило или на делови од возилото во цела Европа освен во Бугарија.

CDW (Collision Damage Waiver) и TP (Theft Protection) имаат договорена франшиза (учество во штета). Висината на франшизата како и задолжителниот дневен додаток за целосно каско осигурување се дадени во следната табела:

Автомобили Износ на одбитна франшиза во EUR со ДДВ Дневна цена за откуп на франшизата во EUR со ДДВ
Група А 200 3
Група Б 200 3
Моторцикли    
50 ccm    
125 ccm    
250 ccm    
650 ccm    

Цената за откуп на франшизата не е вклучена во цената на наемот.

Со откуп на франшизата, во случај на штета на возилото, изнајмувачот е целосно покриен (но и понатаму важи правилото за задолжителен ПОЛИЦИСКИ ЗАПИСНИК како и погоре наведените ограничувања).

Доколку изнајмувачот не ја откупи франшизата, а предизвиканата штетата по вредност е помала од износот на франшизата, изнајмувачот е одговорен само за тој помал износ.

Доколку изнајмувачот не ја откупи франшизата, а предизвиканата штета по вредност е поголема од износот на франшизата, изнајмувачот е одговорен само за износот на франшизата. Вредноста на штетата над франшизата се покрива со осигурувањето.

Во случај на сообраќајна незгода, ПОЛИЦИСКИ ЗАПИСНИК е задолжителен. Доколку изнајмувачот не донесе полициски записник, CDW воопшто не се применува, а изнајмувачот е одговорен за штетата во целосен износ.

TP (Theft Protection = осигурување од кражба) не се применува во случај на изгубени клучеви или изгубени документи од возилото.

PAI (Personal Accident Insurance) - лично осигурување на патниците во автомобилот во случај на сообраќајна незгода не е обавезно, но може да се добие и плати директно при изнајмување. Личното осигурување се плаќа во денари во противвредност на 3 EUR за еден ден и за секој патник поединечно.

 

ПОСТАПКА ВО СЛУЧАЈ НА СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА

Потребно е да се заштити возилото од евентуални дополнителни оштетувања. Повикајте полиција и јавете во Rent a car -БИС-. Потребно е да дадете изјава и да пополните соодветни формулари.