Општи услови за изнајмување Автомобили

Изнајмувањето на автомобил е регулирано со Договор за изнајмување.

Автомобили од група А и Б се изнајмуваат на лица постари од 21 година (нема горна старосна граница) и возачко искуство од најмалку 1 година.

При потпишување на Договорот за изнајмување треба да се приложат документи за лична идентификација (лична карта или пасош) и важечка возачка дозвола.

 

Гориво

Секој автомобил се изнајмува со полн резервоар со гориво. Сите автомобили користат безоловен бензин (95 Октани). Во случај на враќање на автомобилот со помалку гориво се наплатува горивото што треба да се дополни како и услугата дополнување која изнесува 8 EUR.

 

Достава / Превземање

Во градoвите каде Rent a car -БИС- има канцеларија за изнајмување, достава и превземање на автомобил во границите на градот и во текот на работното време не се наплатува.

Достава и превземање на автомобил надвор од границите на градот во кој Rent a car -БИС- има канцеларија во текот на работното време се наплатува 0,50 EUR/km.

Во градовите каде Rent a car -БИС- има канцеларија за изнајмување, достава и превземање на автомобил надвор од работното време, од 17:00 до 22:00 h се наплатува 15 EUR, а надвор од градот се додава доставната километража (0,50 EUR/km).

Во градовите каде Rent a car -БИС- има канцеларија за изнајмување, достава и превземање на автомобил надвор од работното време, по 22:00 h се наплатува 30 EUR, а надвор од градот се додава доставната километража (0,50 EUR/km).

За изнајмување на автомобил во еден правец не се доплатува ако завршува на локација на Rent a car -БИС- во Македонија. Изнајмување во еден правец во стрaнски земји е можно само на барање и по дополнителни цени.

 

Влез во странски земји

Влез во странски земји е дозволен само со претходна согласност од Rent a car -БИС-.

 

Плаќање

При плаќање во готово, лицето кое изнајмува автомобил треба да остави депозит во висина на очекуваната цена на чинење плус 30% но не помалку од 200 EUR.

При плаќање со VISA, Eurocard - Master Card и Diners Club кредитни картички, депозит не е потребен.

 

Цени

Сите цени се искажани во евра. Плаќањето се врши во денарска противвредност по продажен курс на менувачкиот пазар.

Цените на Rent a car -БИС- вклучуваат:

  • наем на автомобил по Договор за период од минимум 1 ден (24 часа);
  • осигурување и ДДВ од 18%;
  • одржување на автомобилот;
  • потребни документи за патување низ Европа, со исклучок на Бугарија.

Цените на Rent a car -БИС- не вклучуваат:

  • гориво;
  • поправка на автомобилски гуми, трошоци за гаражирање и паркирање, патарини, казни за сообраќајни прекршоци и сл.;
  • изгубени документи за регистрација (во ваков случај се наплатува казна од 50 EUR);
  • изгубени клучеви од автомобил (во ваков случај се наплатува казна од 80 EUR);
  • PAI (Personal Accident Insurance) - осигурување на патниците во автомобилот (не е задолжително - види осигурување);
  • дополнителна опрема:
    • седиште за дете - 3 EUR/ден или max 15 EUR/наем;
    • носач за скии - 3 EUR/ден или max 15 EUR/наем;
    • багажник - 5 EUR/ден или max 25 EUR/наем;
  • задоцнување:
    • 0-1 час - не се наплаќа;
    • 1 до 3 часа - 20% од дневниот наем по час;
    • 3 часа и повеќе - дополнителен ден.

Комплетните правила и услови за изнајмување автомобил се дадени во Договорот за изнајмување. Ве молиме прочитајте ги внимателно.