Диро д.о.о.
ул. Качанички пат б.б.
1000 Скопје
Тел. 02/2654-875
Изнајмувањето на моторцикл е регулирано со Договор за изнајмување.
При изнајмување моторцикл треба да се приложат важечки документи за лична идентификација (лична карта или пасош).
Моторцикли до 50 cm3 се изнајмуваат:
- на лица постари од 15 години кои имаат возачка потврда за управување со моторцикли кои се движат со брзина не поголема од 45 km/h и кои имаат писмено одобрение од родител (старател);
- на лица кои имаат возачка дозвола од А - категорија;
- на лица кои имаат возачка дозвола од Б или повисока категорија.
Моторцикли со зафатнина од 125 cm3 до 250 cm3 се изнајмуваат:
- на лица постари од 18 години, кои имаат возачка дозвола од А - категорија и најмалку една година возачко искуство.
Моторцикли со повеќе од 250 cm3 се изнајмуваат:
- на лица постари од 21 години, кои имаат возачка дозвола од А - категорија и најмалку една година возачко искуство.
Гориво
Секој моторцикл се изнајмува со полн резервоар за гориво. Во случај на враќање на моторциклот со помалку гориво се наплатува горивото што треба да се дополни како и услугата дополнување која изнесува 5 EUR. Сите моторцикли користат безоловен бензин (95 Октани).
Достава / Превземање
По договор за секој конкретен случај. Достава и превземање на моторцикли до 50 cm3 не се врши.
Влез во странски земји
Влез во странски земји е дозволен само со претходна согласност од Rent a car -БИС-.
Плаќање
При плаќање во готово, лицето кое изнајмува моторцикл треба да остави депозит во висина на очекувана цена на чинење плус 30%, но не помалку од 50 EUR за моторцикли до 50 cm3, 100 EUR за моторцикли до 250 cm3 односно 200 EUR за моторцикли над 250 cm3.
При плаќање со VISA, Eurocard - Master Card и Diners Club кредитни картички, депозит не е потребен.
Цени
Сите цени се искажани во EUR. Плаќањето се врши во денарска противвредност по продажен курс на менувачкиот пазар.
Цените на Rent a car -БИС- за изнајмување моторцикли вклучуваат:
- наем на моторцикл по ден (или час);
- осигурување и ДДВ од 18%;
- одржување на моторциклот;
- потребни документи за патување низ Европа, со исклучок на Бугарија.
Цените на Rent a car -БИС- не вклучуваат:
- гориво;
- поправка на гуми и бандаши, трошоци за гаражирање, паркирање, патарини, казни за сообраќајни прекршоци и сл.;
- изгубени документи за регистрација (во ваков случај ќе биде наплатена сума од 50 EUR);
- изгубен клуч од моторцикл (се наплаќа 20 EUR);
- PAI (Personal Accident Insurance) - лично осигурување (не е задолжително);
- дополнителна опрема:
- заштитна капа - кацига - 2 EUR/ден или max 10 EUR/наем;
- единечен куфер - 2 EUR/ден или max 10 EUR/наем;
- странични куфери за GV125, GV250 и GV650 - 5 EUR/ден или max 25 EUR/наем;
- задоцнување (при изнајмување по дневни тарифи):
- до 1 час - не се наплаќа;
- 1 до 3 часа - 20% од дневниот наем по час;
- 3 часа и повеќе - дополнителен ден;
- задоцнување (при изнајмување на час):
- до 15 min - не се наплаќа;
- над 15 min - се наплаќа дополнителен час.
Комплетните правила и услови за изнајмување моторцикл се дадени во Договорот за изнајмување. Ве молиме прочитајте ги внимателно.

