Диро д.о.о.
ул. Качанички пат б.б.
1000 Скопје
Тел. 02/2654-875
Резервни делови и услуги

Успешноста на една компанија во голема мерка зависи од логистичката поддршка што компанијата може да ја пружи на своите клиенти во гарантниот период на производите што ги продава како и по истекот на гарантниот период. Имајќи го предвид претходно реченото, ДИРО д.о.о. Скопје посветува огромно внимание на пост-продажните активности кои се неопходни за успешна логистичка поддршка на своите клиенти - сопственици на Opel, Chevrolet и Daewoo возила и Hyosung моторцикли. Во оваа група на пост-продажни активности спаѓаат: комплетно и редовно снабдување со резервни делови, постојано надградување со најсовремена сервисна опрема, обука на своите вработени за пружање на квалитетни сервисни услуги и сл. Од посебна важност за квалитетна логистичка поддршка е редовната снабденост со резервни делови, па во тој поглед Диро д.о.о. Скопје располага со оригинални резервни делови за сите модели возила од програмата на Opel, Chevrolet и Daewoo Motor, како и резервни делови за моторциклите од програмата на Hyosung Motors & Machinery Inc.

