Сервис
Успешниот одговор на пост-продажните потреби на нашите клиенти е база на нашето успешно работење. Тоа подразбира:
a) редовна и потполна снабденост со резервни делови за сите возила од програмата на Opel, Chevrolet, Daewoo и сите моторцикли т.е. скутери од програмата на Hyosung Motors,
б) примена на современа диагностичка опрема при сервисирање со цел воспоставување точна и навремена дијагноза,
в) обучен и искусен сервисерски и менаџерски кадар,
г) инфраструктура на компанијата и сл.
Во тој поглед, ДИРО д.о.о. Скопје располага со сопствен деловен објект: сервис за возила, салон за продажба на возила, магацински простор за резервни делови, резервни делови во завидни количини, високо квалитетна опрема за сервисирање, обучен кадар и најважно од се ја имаме ДОВЕРБАТА на нашите редовни клиенти.

СЕРВИС: Во сопствениот сервис кој е лоциран на влезот на Визбегово (магистрален пат Скопје-Приштина) како и во суперопремениот сервис на Диро во Штип, ДИРО д.о.о. Скопје Ви нуди висококвалитетно сервисирање на Вашето возило по мошне поволни услови. За сите извршени сервисни интервенции на Вашето возило добивата шест месеци или 10.000 км гаранција за извшената услуга и вградените делови. За нашите редовни клиенти можеме да понудиме и специјален договор за сервисирање со што ќе си обезбедите низа поволности (15% попуст на извршена услуга и 10% попуст на сите вградени резервни делови) и што е најважно ќе си обезбедите долгорочна сигурност и безбедност за вашето возило.

РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ: Во однос на снабденоста со резервни делови можеме слободно да кажеме дека е одлична. ДИРО д.о.о. располага со повеќе од 6500 различни каталошки броеви на резервни делови за сите модели на возила од програмата на Opel, Chevrolet и Daewoo и тоа за сите модели. Нашите потенцијални клиенти можат да набават резервни делови во нашите продавници од кои едната е во близина на Рампа во Кисела вода (тел. 322-88-14)втората во Тафталиџе до Педагошка академија (тел. 3064-735) во Скопје, потоа во Продажно сервисниот центар на Диро во Штип (тел.032-304-555) или од централниот магацин на ДИРО во Визбегово, Скопје (тел. 02/2654 876). За поголеми набавки одобруваме рабат и до 15 % а во посебни случаи можеме да понудиме и специјално договорени цени за одредени количини. Проверете! Ќе бидете пријатно изненадени.