Диро д.о.о.
ул. Качанички пат б.б.
1000 Скопје
Тел. 02/2654-875
Периодични сервиси

Спроведувањето на периодичните редовни сервиси е еден од основните предуслови за исправно функционирање на возилото како во гарантниот така и после-гарантниот период на експлоатација. Навременото и стручно сервисирање на Вашето возило ќе ги намали трошоците при експлоатација на истото во подоцнежниот период на експлоатација. Употребата на оригинални резервни делови, современа сервисна опрема како и сервисирање на возилото од страна на високо-квалификуван кадар на Диро д.о.о. е гаранција за долговечност на Вашето возило (и до 500.000 км). За периодичните редовни сервиси на Вашиот автомобил, кои се препорачани од страна на производителот на возилото, можете детално да се информирате во нашите сервисни центри при што ке дознаете се за цените на поедините сервисни интервенции, цени на деловите што периодично се менуваат, временскиот распоред на периодичните сервиси и многу други корисни информации.

