Диро д.о.о.
ул. Качанички пат б.б.
1000 Скопје
Тел. 02/2654-875
ДИРО Димче и Благој д.о.о. Скопје е приватна компанија чија основна дејност е продажба и сервисирање на моторни возила (OPEL, CHEVROLET, DAEWOO, како и HYOSUNG моторцикли), како и продажба на резервни делови и опрема за возила (аудио и видео опрема).
Компанијата располага со сопствен деловен објект: сервис за возила, автосалони во Скопје и Штип, магацински простор, продавници за резервни делови и паркинг простор. Деловните објекти-салони за возила, се на само 3.5 км од центарот на Скопје и на само 3 км од центарот на Штип.
Сервисите Диро, во Скопје и во Штип, се опремени со најсовремена опрема за дијагностика и поправка на сите типови возила од програмата на OPEL, CHEVROLET и DAEWOO MOTOR, како и моторцикли HYOSUNG. Сервисерскиот кадар е со богато 16 годишно искуство во процесот на сервисирање на возила.
ДИРО д.о.о. Скопје располага со завидна количина на резервни делови (над 7700 каталошки броеви) за сите возила од програмата на OPEL, CHEVROLET и DAEWOO (TICO, RACER, NEXIA, ESPERO, MATIZ, SPARK, LANOS, NUBIRA, LEGANZA, TACUMA) со најприфатливи цени на нашиот пазар. За набавка на делови во поголеми количини компанијата одобрува EXTRA рабат кој за поедини делови може да изнесува и до 70%.

