Историја на компанијата

Диро во Скопје

Скопје

Диро во Штип

Штип


ДИРО д.о.о. Скопје, историја на компанијата

  • ДИРО Димче и Благој д.о.о. Скопје е 100% приватна компанија формирана 1992 год.
  • Во периодот од формирањето па се до 1998 г. ДИРО д.о.о. Скопје е овластен сервис на HERTZ-Македонија, компанија која беше овластен увозник на возилата од програмата на DAEWOO MOTOR за Македонија во тој период.
  • Во периодот од 1998 до 2001 год. ДИРО д.о.о. Скопје е овластен сервисер за возилата од програмата на DAEWOO MOTOR, овластен од ДАЕВУ МОТОР Д.О.О. Скопје, компанија која во тој период беше формирана во Македонија директно од DAEWOO MOTOR од Сеул, Јужна Кореја.
  • Во почетокот на 2001 г. ДИРО д.о.о. Скопје го отвора својот нов Сервисно-продажен центар за возила (види слика горе).
  • Во 2001 г., по банкротирањето на DAEWOO MOTOR од Јужна Кореа беше донесена одлука за затворање на претставништвото на DAEWOO MOTOR во Скопје. ДИРО д.о.о. Скопје во тој момент ја купи комплетната залиха на резервни делови што ја имаше ДАЕВУ МОТОР Д.О.О. Скопје во Македонија.
  • Во 2002 г. ДИРО стартува со увоз на резервни делови за сите возила од програмата на DAEWOO MOTOR.
  • Кон средината на 2002 г. ДИРО отвара продавници за малопродажба на резервни делови за сите модели на DAEWOO возила.
  • Кон крајот на 2002 г. ДИРО д.о.о. Скопје прославува 10 години од своето формирање.
  • Во почетокот на 2004 г. ДИРО д.о.о. Скопје склучува договор за увоз и дистрибуција на возила DAEWOO MATIZ со реномираната фабрика за автомобили DAEWOO AUTOMOBILE од Романија.
  • Во Јуни 2005 г. ДИРО д.о.о. Скопје стартува со увоз и дистрибуција на аудио и видео опрема за возила произведени од реномирани производители од Хонг Конг, Кина.
  • Во почетокот на Август 2005 г. ДИРО д.о.о. Скопје, склучува договор за увоз и дистрибуција на моторцикли со Корејскиот производител на моторцикли HYOSUNG MOTORS & MACHINES INC. од Сеул, Јужна Кореа.
  • На 15-ти Декември 2008 г. стапи на сила договорот што Диро д.о.о. Скопје го постигна со GENERAL MOTORS SOUTHEAST EUROPE Kft. и на тој начин Диро д.о.о. Скопје се стекна со правото на увоз, продажба и сервисирање на возила (патнички и комерцијални) од програмата на OPEL и CHEVROLET.